Најчевска: И Бугари и свети Бугари, и ветото да го тргнат, ако за секој чекор ни треба некој да нè мава по уши, нема да смениме ништо

368182242_1529387820930629_4645804563718655196_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сега е моментот да запреме, да не прифаќаме уставни измени и да не одиме на вонредни избори, советува професорката Мирјана Најчевска во интервју за „Макфакс“.


Македонија, како што вели, треба да почека да се промени ситуацијата во ЕУ, каде што, како што вели, има силни струења, кои се насочени кон тоа да го променат начинот на гласање во ЕУ, односно ветото веќе да не биде нешто со кое една или две држави ќе може да спречат процеси што се одвиваат.

„Кај сме чекале толку години, можеме да почекаме уште 2-3 и да почнеме да работиме на самите себе“, истакнува Најчевска.

Појаснува дека не ни треба некој да нè мава по уши за да почнат да работат институциите и да почнеме да се бориме со корупцијата.

„И Бугари и свети Бугари, може и ветото да го тргнат, сè додека за секој чекор нам ни треба некој да нè мава по уши, не можеме да смениме ништо“, додава таа.

Според неа, и Мицкоски и Ковачевски се шарлатани и тие, како што оценува Најчевска, се случајни луѓе, кои во случаен момент дошле на позициите и многу е лошо што такви луѓе се на позиции на двете најголеми политички партии.

„Ковачевски вели дека овој предлог, најнегативниот можен предлог што го даде Франција, бил македонски. Колку треба да си голем шарлатан за да можеш такво нешто јавно да кажеш, дека ти самиот сакаш да бидеш понижен, дека сакаш да бидеш третиран како народ од втор ред“, прашува Најчевска.

Оценувајќи ја политиката на странските дипломати кон државата, Најчевска истакнува дека дури и оние што обично работат со ракавици, кај нас ги фрлаат и се чудат.

„Тоа е таков апсурд, што дури на дипломатите, кои обично работат со ракавици, ги симнаа ракавиците и викаат: луѓе, а бре, толку глупави да сте, не можеме ни да замислиме. Ајде ако лажете, но барем скријте, немојте отворено да го кажувате она што не смеете да го кажете. Тие отворено се гордеат дека се криминалци. Викаат – ние сме горди криминалци“, додава професорката.

Таа гледа злоупотреба на службената должност од страна на собранискиот спикер Талат Џафери за собраниската седница за уставните измени и оценува дека Џафери треба да биде и кривично гонет.

Кој има поголемо влијание во државата – ЕУ или Америка, до кога ќе трае ваквата неизвесност и какви импликации може да има врз граѓаните, за Османи и за изјавата на Скендер Реџепи и на Таравари и слично поопширно во интервјуто за „Макфакс“ со професорката Мирјана Најчевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK