Марк-Андре тер Штеген ќе брани за Барселона и во следните пет години.
Искусниот германски голман го продолжи договорот со клубот од „Ноу Камп“ до 2028 година.
Тер Штеген е на голот на Каталонците од 2014 година, а досега бранел на 379 натпревари.
Тој освои пет титули во Ла Лига и беше европски шампион во 2015 година.