Уртикарија- причини и природно лекување

Man stress about Skin allergy problem because crisis air pollution
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уртикарија претставува клинички ентитет кој е последица на генерализирана хиперсензитивна реакција со јасно ограничени структури црвенило и оток кои се наоѓаат на кожата, слузокожата и се карактеризираат со чешање.

Акутната уртикарија може да биде предизвикана од алергиска реакција на храна, дроги, козметички производи, сапуни, омекнувачи, убод од инсекти или експозиција на: фактори на околината, латекс, топло или ладно, емоционален стрес, вежбање и други фактори.


Уртикаријата се карактеризира со црвени лезии кои може да предизвикуваат голема нелагодност и многу да чешаат. Благите облици може да поминат после неколку часа или денови, но кај некои случаи самата уртикарија трае многу долго време бидејќи не се излечил главниот причинител за настанувањето.

За полесно справување препорачливо е да да внимавате на исхраната и да внесете што повеќе овошје, зеленчук и јаткасти плодови, но да обезбедите и доволно одмор и спиење.

Еден од начините за справување со уртикарија е да измешате вода и сода бикарбона, и со добиената паста да ги намачкате местата на кои е присутно воспалувањето, а после 15-20 минути да ја исплакнете пастата. Постапката може да се повторува неколку пати на ден.

Стресот, лошата исхрана полна со шеќери, јаглехидрати, преработки на месо и конзервирана храна може да ја влошуваат состојбата со уртикаријата.

М.Кизова

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK