Елизабет Крајковиќ (64) и нејзината ќерка Сандра (38) од Аризона се обвинети за смртта на деветгодишното девојче кое починало од тешка инфекција.
Двете жени се соочуваат со обвиненија за убиство од прв степен. Имено, ќерката на Сандра починала по тешка инфекција која не била адекватно третирана, пренесуваат локалните медиуми.
Кога во март годинава се јавиле на итната помош, лекарите во нивната куќа го нашле девојчето во многу тешка состојба. Имала вошки по целото тело и иако лекарите направиле се за да ја спасат, можеле само да констатираат смрт на детето.
Сандра им кажала на лекарите дека нејзината ќерка е анемична и дека пет дена претходно имала висока температура, главоболка и дека има тешкотии со дишењето.
Полицијата откако ги прегледала пораките кои Сандра ги разменила со своето момче, дознала дека таа намерно одбила порано да ја однесе ќерка си на лекар, иако тој тоа го барал од неа.
Кога полицијата дошла во куќата затекнала голем хаос, а во една од собите лежеле уште две деца на Сандра кои имале поблага форма на инфекција во споредба со девојчето кое починало, пишува „Мирор“.
Социјалните служби ги сместиле децата кај роднини, а на Сандра и е одземено старателството поради негрижа.
Обдукцијата покажала дека девојчето починало од анемија предизвикана од тешка инфекција и неухранетост.
Сандра моментално е во затвор, но не се знае дали нејзината мајка е во истата институција или се брани од слобода.
Медиумите анализираат дека иако е малку веројатно дека вошките можат да доведат до анемија и смрт кај луѓето, постојат неколку ситуации каде што тоа е можно. На пример, ако некое лице е изложено на ризик да добие анемија, тешката инфекција поради вошки, која доведува до зголемен стрес кај човекот, но и силно чешање може да доведе до појава на оваа болест, а потоа и до смрт, стои во написите.