18-годишен студент бил силуван во метро станица во Минхен

b11a9e95-d12a-4a93-88fd-1593f44bc43b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полски студент на 18 години бил силуван во Минхен на метро станицата „Макс-Вебер-Плац“. Како што пишува „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, тинејџерот бил силуван од 20-годишник со авганистанско потекло.


Според полицијата, силувањето се случило во саботата меѓу 1 и 5 часот по полноќ. Тинејџерот излегол од забава, бил во пијана состојба и заспал на метро станицата.

„Не можеше да се одбрани. На снимката од надзорната камера се гледа како насилникот анално ја силува својата жртва“, изјави портпаролката на полицијата.

Пред осомничениот да го пушти силуваниот млад човек, му го украл мобилниот телефон.

Ден по злосторството жртвата поднела пријава во полиција.

Полицијата со помош на украдениот мобилен телефон успеала да го пронајде 20-годишниот сторител, а судијата му изрече мерка притвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK