Тиери Анри назначен за селектор на француската У21 репрезентација

193538598064e491847b01e781457000_w640.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот француски фудбалер Тиери Анри е назначен за нов селектор на младата француска фудбалска репрезентација. Легендата на Франција и Арсенал, со националниот Сојуз потпиша двегодишен договор.


Анри во минатото ги тренираше младите екипи на Арсенал, Монако и Монтреал, а во два наврати беше и помошник на белгиската репрезентација.

Негова задача ќе биде да го подготви тимот за Олимписките игри во Париз во 2024 година, како и за Европското првенство до 21 година кое ќе се одржи во 2025 година.

Анри ќе го има своето деби на клупата на 7. септември во пријателскиот натпревар против Данска, пред да го води тимот против Словенија во квалификациите за Европското првенство четири дена подоцна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK