Најновата варијанта на корона вирусот најверојатно веќе нашироко се шири низ светот, заклучија светски здравствени експерти.
Официјални лица на Агенцијата за здравје и безбедност на Обединетото Кралство признаа дека се многу загрижени за варијантата на ковид-19 наречена „Пирол“ која има неверојатна моќ на мутација, додека британските медиуми јавуваат дека оваа подваријанта на корнавирусот ја има веќе и во САД, Данска и Ирска.
Прво, црвеното светло се вклучи во Лондон, кога неидентификуван пациент дошол заразен, но, како што е познато, тој не ја напуштил земјата.
Експертите заклучија дека фактот што други земји почнаа да го пријавуваат „Пирол“ на нивна територија, а таа варијанта беше откриена дури минатата недела, е знак дека оваа мутација на Ковид-19 е крајно заразна и дека секако се шири низ целиот свет.
Виролозите се особено загрижени за варијантата BA.2.86 на коронавирусот. Еден експерт рече дека оваа варијанта на вирусот е највпечатливиот вид што се појавил откако високо преносливиот вид Омикрон се појавил во зимата 2021 година и го зголемил бројот на случаи.