Грчки медиуми: Полицијата има видео на кое се гледа убиството, ќе ги испрашува и навивачите на АЕК

grcija_aek_34543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како што пренесе грчкиот портал Њузит, грчката полиција детално ги прегледува снимките од крвавата пресметка меѓу Бед Блу Бојс и навивачите на Панатинаикос и АЕК. Во пресметката загина навивачот на АЕК, Михалис Кацурс. Истиот портал наведува дека во продолжение на истрагата заедно со навивачите на Бад Блу Бојс и Панатинаикос ќе бидат сослушани и навивачите на АЕК кои учествувале во конфликтот.


 

Њузит наведува дека истрагата напредува, а полицијата многу внимателно ја анализира снимката, на која, според полициските службеници, се гледа моментот кога Кацурис го добива смртоносниот убод со нож во раката. На видео материјалот што го поседува полицијата, според Њузит, се гледаат првите минути од нападот пред стадионот ноќта на 7 август, каде се гледаат лица кои активно учествувале во судирите.

Грчкиот портал тврди дека на снимката се гледа напад на хрватски хулигани врз 29-годишниот Кацурис. Потоа, тврди Њузит, се обидува да си замине. На видеата се гледа како хулигани со палки во рацете го напаѓаат Кацурис, додека во исто време околу него се движат други луѓе, кои полицијата се обидува да ги идентификува, пишува Њузит.

Се проценува дека полицијата е многу блиску до идентификување на најмалку 10 хрватски хулигани, најмалку 10-15 кои тврдат дека се навивачи на Панатинаикос и приближно 5-10 лица кои биле пред стадионот на АЕК и учествувале во судири со маскирани навивачи на Динамо Загреб, пишува во грчкиот портал.

Содржината на следното видео е деликатна и може да биде вознемирувачка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK