Ден пред гласањето за Уставот, Агелер со Ковачевски: Пред нас се тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесувањ

366074311_793689096093841_2718977852435128842_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со амбасадорката на САД, Анџела Агелер пред утрешната седница за уставните измени.


Ковачевски рече дека со амбасадорката разговарале за поддршката од нашиот стратешки партнер САД за европскиот пат на земјата и следните чекори, која е постојана и силна.

„Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца. Пратениците се пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во ЕУ. Заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, врвна демократија. Заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината“, вели Ковачевски.

Премиерот заклу дека земјата нема друга алтернатива освен ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK