Голема полициска акција во Скопје: најдени автоматски пушки, десетици куршуми и пригушувачи

thumbnail_1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата претресе две локации во Скопје, при што се приведени А.И.(26) и С.С.(32) од Скопје.



При претресите, во домот на А.И. пронајдени се и одземени една автоматска пушка со оптички уред, рамка за автоматска пушка со 28 куршуми во неа, девет електронски уреди со магнет, три дигитални камери, два електронски уреди, две ќеси со растителна материја, објави МВР.

Додека во домот на С.С. пронајдени се и одземени една автоматска пушка со една рамка со куршуми, еден автоматски пиштол со една рамка со куршуми, еден пригушувач, една кутија со 32 куршуми 7,62мм, нож, една ќеса со бела прашкаста материја.

Во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK