Најчевска: Охридскиот договор би заминал во историјата ако се отстрани „20 проценти“ од Уставот

najchevska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Професорката Мирјана Најчевска објаснува дека отстранувањето на 20 проценти од Уставот би повлекло повеќе работи, меѓу кои и сместувањето на Охридскиот договор во историјата, чиишто точки ја содржат формулацијата 20 проценти.


„Отстранувањето на 20 проценти од Уставот повлекува: Сместување на Охридскиот рамковен договор на полицата на историјата; Затворање на министерството за политички систем; Отстранување на секое спомнување на правична застапеност; Отстранување на сите одредби со кои се предвидува афирмативна акција поврзана со вработувањето, студирањето, напредувањето; отстранување на одредбите кои се повикуваат на Бдентеровиот принцип“, вели Најчевска.

Додава дека ако овие три партии се согласуваат со ова, супер би било да се отстранат тие 20 проценти од Уставот, против кои таа била уште од самиот почеток на нивното воведување.

Претходно денес, лидерот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, изјави дека неговата и партиите на Билал Касами и Изет Меџити бараат утре на седницата во парламентот за уставните измени со цел внесување на бугарската заедница да бидат ставени во дневниот ред и уставни измени за бришење на одредницата „20 проценти“, која ја ограничува, како што рече, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK