Грчката полиција ги добила првите резултати од телефонската и ГПС анализата на уапсените хрватски хулигани.
Истрагата започна веднаш по инцидентите во Атина во пресрет на натпреварот меѓу АЕК и Динамо, кога загина еден домашен навивач.
Според анализите на ГСП, видливо е организираното патување на навивачите од Хрватска до Грција и начинот на кој планирале да избегаат.
Адвокатот на хрватските навивачи, Димитриос Зорбас вели дека ДНК тестовите се уште не се пристигнати.
Грчкиот „Њузит“, пишува дека е активна потрагата по водачот на хрватските хулигани од Босна и Херцеговина, но тој и десетина луѓе некако успеале да избегаатт и се уште не се пронајдени.
Грчките власти не знаат дали се уште се во Атина или некако успеале да излезат од земјата.
Идентитетот на водачот на навивачите од Босна и Херцеговина им е познат на грчките власти.