Пропадна трансферот на Лазар Самарџиќ во Интер. Новинарот Фабрицио Романо, објави дека Интер не се согласил со цифрата што ја барал таткото на младиот српски фудбалер.
Тоа значи дека младиот играч за врска се враќа во Удинезе каде ќе ја започне новата сезона во Серија А.
Самарџиќ тренираше и во Удине, но одвоено од играчите од првиот тим.
Минатата сезона на 37 натпревари во Серија А постигна пет гола со четири асистенции, а во меѓувреме стана и репрезентативец на Србија.
Самарџиќ е роден во Берлин, па избираше меѓу репрезентациите на Германија и Србија.