Општина Аеродром извести дека реализирале уште една мерка со која директно велат се помага на семејниот буџет и ги мотивира најмладите за успешен почеток на учебната година.
– Продолжува успешно воспоставената практика и во тек е пријавувањето за доделување еднократна парична помош во износ од 3500 денари, наменета за секое запишано прваче во училиштата на територија на Општина Аеродром, велат од Општината.
Рокот за пријавување трае до 29 септември, а родителите на првачињата можат да ги преземат документите на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari или директно во просториите на Општината.