Градежниците во првите шест месеци од годинава договориле работи во странство во вредност од 198 милиони денари

rabotnik_3544353543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Во првите шест месеци од годинава македонските градежни компании договориле градежни работи во странство во вкупна вредност од 198,286 милиони денари што е за 44,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари − јуни 2023 година, македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 89,31 милиони денари, што е за 25,5 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.



Најмногу од договорените работи во првите шест месеци од годинава во вкупна вредност од 163,695 милиони денари треба да се реализират во Германија, по што следи Црна Гора со 15 милиони, Србија со 11,042 милиони, Бугарија со 5,651 милион и Чешка Република со 2,898 милиона денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK