Југославија да беше стопати полоша, ќе беше стопати подобра од ова што го имаме денес: знамето со карта на Голема Албанија на плоштадот во Тетово во свечена атмосфера како симбол на немоќна и распадната држава.
Во Југославија ова немаше да се случи, бидејќи само тогаш бевме вистински суверена држава. Сега е доцна и за плачење, а не се офајдија многу ни тие што го иницираа нејзиното растурање.
Парадоксално, но и на самите Албанци тогаш им беше подобро. Секоја осма година, по национален клуч Албанец стануваше претседател на СФРЈ, без никакви пазарења и уценувања. Албанците со југословенскиот пасош слободно патуваа и се вработуваа во Швајцарија и Германија, додека нивните сонародници од Албанија за обид за бекство преку граница завршуваа во логорите на Енвер Хоџа, заедно со нивните семејства.