На територија на Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата изрекла 143 мерки за прекршоци во сообраќајот од кои 16 за брзо возење.
Како што денеска соопшти МВР, изречени се и 12 мерки за возење без возачка дозвола и 23 санкции за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикл.
Изречени се 14 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, три санкции за користење мобилен телефон при возење…