Земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер ја погоди источна Турција

– Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Турција, јавија светските агенции повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, соопшти центарот.

Continue Reading

Турај: ЕКОВАС наложи составување сили за можно распоредување во Нигер

– Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) им наложи на своите воени лидери „веднаш“ да состават интервентни сили за можно распоредување во Нигер, изјави вечерва шефот на групата, јави ДПА. По самитот на шефовите на држави на ЕКОВАС во главниот град на Нигерија Абуџа, Омар Турај, претседател на Комисијата на ЕКОВАС, рече дека обновувањето на уставниот поредок е загрозено по воениот …

Continue Reading

Македонските ракометари ќе играат за 9. место на СП до 19 години

– Во вториот натпревар од разигрувањето за пласман од 9. до 12. место на ракометниот Мундијалот во Хрватска, македонската репрезентација до 19 години, вечерва во Копривница ја победи соодветната репрезентација на Унгарија со 22:20 (полувреме 12:12).   На првиот дуел од овој сегмент на Светското првенство Чешка денес ја совлада Саудиска Арабија со 36:33.   Па така, избраниците на селекторот Раде …

Continue Reading

Десет млади ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на Мундијал, а потоа исчезнаа

– Хрватската полиција се уште трага по исчезнатите 10 граѓани на Бурунди во Хрватска. Станува збор за млади ракометари учесници на Светското кадетско ракометно првенство, што меѓу другите градови се игра и во Риека.   Станува збор за десет млади момчиња, родени 2006 година, кои вчера на 9 август околу 15 часот и 30 минути се оддалечиле во непознат правец од …

Continue Reading

Тројца затвореници избегале од КПД „Идризово“, полицијата ги фатила и ќе бидат вратени во затворот

– Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска околу 16.45 часот ги лишиле од слобода И.Ј.(36), Е.Д.(36) и М.Р.(37), сите од скопското село Студеничани. Министерството за внатрешни работи информира дека околу 9 часот денеска тие побегнале од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ каде што биле на издржување казна затвор. …

Continue Reading

Еуробаскет У-16: Македонската репрезентација поразена од Летонија, ја чека тешка борба за опстанок во А-дивизијата

– По вечерашниот поразот од Летонија со 46:57, македонската кошаркарска репрезентација до 16 години се најде во незавидна позиција на Европското првенство што се одржува во Скопје.   „Црвено-жолтите“ се наоѓаат во серија од четири порази и ќе играат за пласман од 13. – 16. место на Еуробаскет 2023.   Од А-дивизијата испаѓаат трите најслабопласирани селекции, па за опстанок на македонските …

Continue Reading

ОМД бара од македонската влада да го декларира 10ти Август како ден за паметење на македонскиот геноцид

На денешен ден, пред 110 години, соседите на Македонија со помош на големите сили како што е Велика Британија (Шкотска, Англија, Велс, Северна Ирска и останатите колонии), Русија, Италија, Аустрија, Франција итн., како и отсуството на македонски претставник на таа конференција, ја поделија историската и географската Македонија меѓу себе, подложувајќи ги домородните Македонци на геноцидни, етничко чистење и систематска дискриминаторска …

Continue Reading

Бунтовниците во Нигер се заканија дека ќе го убијат Базум доколку почне воена интервенција против нив, тврдат западни претставници

 – Претставниците на пучистите во Нигер предупредија висок американски дипломат дека ќе го убијат соборениот претседател Мохамед Базум доколку соседните земји воено интервенираат, јавија светските агенции, повикувајќи се на западни официјални претставници кои сакаа да останат анонимни. Анонимен западен функционер изјави за светските агенции дека вршителот на должноста заменик-државен секретар на САД, Викторија Њуланд, била информирана за заканата за време на …

Continue Reading

Бајден прогласи состојба на природна катастрофа поради пожарите на Хаваите, подготвена е федерална помош

– Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска прогласи состојба на природна катастрофа на Хаваите, што овозможува испорака на федерална помош, откако во катастрофалните пожари на островот Мауи на Хаваите, загинаа најмалку 36 лица. Федералната помош во овој случај вклучува грантови за привремени станбени објекти и поправки на куќи, евтини кредити за покривање на оштетениот неосигурен имот и други слични програми за …

Continue Reading