Наодите од анализите „Младите и пописот на населението“, и „Финансирање на младинските политики“ денеска ќе бидат промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Македонија”, организирана од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД).
По промоцијата, која се одржува во чест на Меѓународниот ден на младите, ќе следи дискусија со претставници од институциите и младински организации за младинските прашања и актуелните младински политики.