Македонските ракометни кадети поразени од Данска на СП

rakometari_2423432432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Македонската машка кадетска ракометна репрезентација со пораз стартуваше во главната рунда на Светското првенство кое се одржува во Хрватска, откако попладнево загуби од фаворитот Данска со 37-30.

Двете репрезентации се менуваа во водство на дуелот од групата 3 во Риека, по што Данците ја презедоа контролата и заминаа на полувреме со предност од 18-12.


Македонските ракометари во завршницата се приближија на три голови негатива (28-31) но немаа сили на крајот да го избегнат поразот.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ утре за противник ќе ја имаат селекцијата на Австрија и со триумф ќе обезбедат разигрување за пласман од 9 со 12 место на СП во Хрватска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK