Во Дебар реализирана првата фаза за третман против глодари

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во рамки на програмата на општина Дебар за заштита од разни заразни и паразитски заболувања, што ги пренесуваат глодарите, денеска е реализирана првата фаза на дератизација (третман против стаорци) во градот, информираа од општината.

Додаваат дека тоа со цел да се обезбеди почиста и побезбедна животна средина.



-Третманот се вршеше со поставување стапици на  капаците на 60 шахти во постојната канализациона мрежа за елиминирање на штетните глодари, посочуваат од општината.

Оценуваат дека на овој начин ќе се елиминира големиот ризик што го носат глодарите и ширењето на заразни и паразитски болести кај животните и луѓето, како  и големата штета што ја нанесуваат на економијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK