– Иран дополнително ја вооружи својата морнарица со дронови и проектили со дострел од 1.000 километри, објавија денеска иранската новинска агенција ИРНА.
Различни видови беспилотни летала и неколку стотици крстосувачки и балистички ракети со дострел од 300 до 1.000 километри се меѓу системите и оружјето што денеска беа додадени на флотата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, наведува ИРНА.
Претходно САД најавија дека наскоро може да распоредат вооружени морнари и маринци на трговските бродови во регионот на Ормутски Теснец по извештаите за запленувања на бродови и непријателски дејствија врз бродови од страна на Иран. Минатиот месец, САД соопштија дека размислуваат за испраќање дополнителни борбени авиони Ф-35 и Ф-16, како и воен брод, на Блискиот Исток за да се осигури безбедноста на морските патишта.
Речиси една петтина од светската сурова нафта минува низ Ормуски Теснец, што е лоциран помеѓу Иран и Оман.