Британскиот таблоид Дејли мејл тврди дека албанските трговци на луѓе профитираат двапати. Еднаш со носење илегални мигранти во Велика Британија, а потоа помагајќи им на бараните криминалци, вклучително и на убијци, да избегаат преку каналот Ла Манш.
Исто така се наведува дека Албанците дрско рекламираат итни патувања во задниот дел на камионите за „луѓе кои имаат проблеми и сакаат што поскоро да ја напуштат Англија“.
– Луѓе со проблеми кои сакаат да излезат од Англија што е можно побрзо со одење во Франција или Белгија во задниот дел на камион. Цена 2500 фунти, гласи една од рекламите на ТикТок до која дошол таблоидот. Еден од инволвираните лица изјавил дека можел да побегне од Велика Британија за 3.000 фунти. Додека друг тик-токер рекламира услуга за 17.500 фунти. Тој нуди бегство на криминалец со фалсификувани документи, кој би патувал како втор возач во кабина на камион. Британската полиција во моментот трага по најмалку 38 албански криминалци, меѓу кои девер за убиство, двајца за силување и еден обвинет за напад врз дете.
– Меѓу другите осомничени Албанци, кои се во бегство е еден за измама во висина од три милиони фунти, еден за семејно насилство, потоа производител на канабис, дилер на кокаин и бегалец од затвор. Најверојатно некои од нив можеби веќе ја напуштиле илегално Велика Британија, наведува Дејли мејл.