Независен синдикат на полицијата бара исплата на парите за прекувремена работа

20230805142504_big_730x400_58
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Независниот синдикат на полицијата бара МВР да исплаќа надомест за прекувремената работа, а исто така обвинува дека се вршат прераспределување без да се внимава на постапката.За зголемувањето на платите, велат дека е недоволно.

-Во МВР има вработено околу 11.500 вработени, а во последните пет години од страна на вработените против Министерството се покренати преку 16.000 судски постапки. Ова е така затоа што Министерството останало глуво со години на барањата на Независниот синдика на полицијата, и понатаму не ја исплаќа хранарината за работата ноќе, не ја исплаќа минималната плата, прави погрешна пресметка во прекувремените часови, не уплаќа колективно здравствено осигурување што има обврска да го уплаќа…, изјави Мартин Ефремов на денешната прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата.  Според него, втор суштински проблем во МВР што повторно се провлекува е проблемот со распоредувањето и унапредувањето на кадрите во Министерството.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK