Костовски: Како Независен синдикат на геријатрија не ни одговара Колективниот договор што го потпишаа ССМ и Владата

kostovski_234242432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 –  Новиот колективен договор што во мај го потпишаа ССМ и Владата, нам, како Независен синдикат, не ни одговара затоа што во тој колективен договор има направено многу големи грешки, истакна денеска на прес-конференција, Лазар Костовски, претседател на Независен синдикат на геријатрија.

– Имаат измешано буквално кажано баби и жаби, каде што определен број на вработени ставени се во група на минималец, иако пред тоа биле во други категории во други групи. На пример, минималецот кога беше 15.200 истите тие вработени сега што се ставени во минималец, имаа плата околу 17.000 денари, што значи коефициентот сегашен нивниот 1.877 треба да биде 2.362 и да им следува покачување на плата, како што следува и на другите. Тоа се категории на болничари, негуватели, возачи на брза помош, обезбедување коешто го имаат самите здравствени установи, а исто така во колективниот договор не се сложуваме што имаат пишано многу работи околу тие групи.  Имено, вработените што се исто така во кујна и во перална се ставени во оваа категорија, додаде Костовски, појаснувајќи дека пресот го свикале „поради немање слух на одредени функционери од Владата“, пресот се однесувал повеќе на колективниот договор и на покачувањето на платите во здравство.


Костовски нагласи дека колективниот договор што го имаат потпишано ССМ и Владата, тие како Независен синдикат не го признавале и како што додаде, ќе гледале на секој начин таа грешка да ја исправат.

– Пред МИОА сме затоа што на 16 јули имавме поднесено барање за средба со министерот за да можеме овие грешки да ги исправиме. Меѓутоа, не добивме позитивен одговор за средба со министерот и затоа се решивме на еден ваков чекор, да ги бараме нашите права преку прес и преку протести и штрајкови, рече Костовски.

Тој се осврна и на платите.

– Покачувањето на платите, ни дадоа 10 отсто сега, меѓутоа тие 10 отсто се една фрлена коска во трева што не можеме да ја најдеме и да ја изглодаме таа коска. Ние тие 10 отсто не ги прифаќаме затоа што Владата за нив си одвои 78 проценти без ребаланс, си добија други 10 отсто покачување на Влада. Во меѓувреме, добија покачување и Министерство за финансии и УЈП. УЈП без никакви проблеми си ги добија 30 отсто затоа што се тие еден вид на штит на сегашнава Влада и на изминатите влади затоа што без собирање на даноците од страна на УЈП и покривање на сивата економија што ја прават самите тие коишто се во Влада и во Парламент, за да им се дадат тие 30 отсто покачување на УЈП, а за здравствените работници на жалост нема ништо, додаде Костовски на пресот.

Тој нагласи дека тие сега во овој момент бараат од Владата 30 отсто покачување на платите од август, без никакви преговарања.

– Доколку тоа не се случи, наместо 30, да ни дадат 10 отсто, во септември ќе има жешка есен. Нека размислат дали ќе треба со нас да преговараат или да ни дадат без преговори 30 отсто како што дадоа на другите, или сакаат да влегуваме во конфликт. Нема проблем, самите нека си изберат, ние им стоиме на располагање. За вработените што се во здравство, жалосно е што ги ставија на крај. На граница се на егзистенција, на граница се со нервите. Да не мисли Владата дека здравствените работници се склеротични и дека не знаеме што се случува и дека забораваме. Забораваат дека се ближат избори, дека на тие избори пак ќе бараат помош од нас, а знам дека може да се случи една игра од нивна страна друга – 10 отсто да ни дадат покачување сега, а пред избори да речат, еве сега обезбедивме средства, еве ви уште 20 отсто бидејќи баравте 30 отсто покачување, сега ќе ви ги дадеме и другите 20 отсто. Нека не играат на таа карта. Не потпаѓаме на нивните игри. Нека ни го дадат тоа што сме си го заслужиле да нема никакви проблеми, порача Костовски.

Тој проговори и околу вработените во здравство.

– Можам да кажам слободно дека се врши притисок на било кој начин, на сестрите во определени здравствени установи им се врши притисок да работат работи коишто не се во нивните задолженија. Се тераат да се пуштаат машини за перење, да се мијат садови – тоа сестрите го работат во некои здравствени установи. На жалост, во некои други здравствени установи имаат други проблеми, како на пример Геријатрија и во другите здравствени установи, се соочуваме со невработеност. Вработеноста е мала. Педесет и двајца се вработени во Геријатрија кои што се под договор. Зошто Владата не им дозволи на здравствените установи каде што имаат по договор вработени, не им даде договор на определено работно време, за да можат луѓето да остварат каква таква пензија, јавно праша тој на прес-конференцијата.

Тој рече дека во Отешево во болницата имало само петмина коишто се под договор.

– И замислете за петмина не може Владата да најде решение. Ајде ќе речеме Геријатрија 52, за петмина за болницата во Отешево не можат да најдат средства, тие петмина да бидат примени со определено работно време, да им се плаќаат сите придонеси и да остават каков таков стаж за пензија, рече Костовски.

Тој го соопшти и својот предлог.

– Јас би им предложил една друга работа, нека го земат Законот за работни односи од бивша Југославија и нека го применат тоа, значи 57 години да биде за мажи, а 55 години за жени. Која рентабилност вие ја барате од човек на 64 години, како може тој да биде рентабилен и да придонесе во неговото работење. Не е млад, не е толку витален и затоа бараме тие закони од бивша Југославија да се вратат и да бидат спроведени кај нас овде, порача Костовски од прес- конференцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK