Општина Струга апелира за зачувување на шумите од пожари

struga_3453434334
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Општина Струга апелира до граѓаните совесно да се однесуваат во шумите за нивно зачувување од пожари. Според апелот, покрај максимално внимание за зачувување на шумите, природата и животната средина, граѓаните, институциите, општинските претпријатија, шумското стопанство и полицијата, преку координирани акции да спречат пожари, а доколку настанат да се мобилизираат во нивното гасење.

– Во време кога земјава се соочува со високи температури, за жал, се појавува вознемирувачка појава која ги загрозува животите на луѓето, предизвикува економски последици и штети врз животната средина. Шумите сочинуваат голем дел од територијата на Општина Струга и се вреден општински и национален ресурс. Шумските пожари, покрај дрвената маса, ја загрозуваат и дивата флора и фауна, бидејќи шумите се нивно живеалиште, стои во апелот на Општина Струга.


Општината бара шумските чувари активно да ја следат состојбата за откривање на сторителите и давање информации до органите на прогонот за лицата, кои предизвикуваат пожари.

Доколку забележат граѓаните пожар да ги известат надлежните во најбрзо време на броевите 112 или 193.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK