На ГП Табановце и ГП Богородица за влез во земјава се чека по еден час

granica_88989988998
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез и на ГП Табановце за влез во државата има зголемена фреквенција, времето на чекање е околу еден час.

Како што информираат од АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.


Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK