Францускиот 25-годишен дефанзивец Аксел Дисаси го засили Челзи, потпишувајќи договор до лето 2029 година, објави денеска лондонскиот премиерлигаш.
Дисаси доаѓа на „Стенфорд Бриџ“ од редовите на францускиот прволигаш Монако за кој настапуваше од 2020 година.
Според британските медиуми, Челзи на Монако ќе му плати обесштетување во износ од 45 милиони евра.
– Аксел ги покажа своите квалитети настапувајќи изминатите неколку сезони во Франција, што му донесе препознатливост и на меѓународна сцена. Подготвен е за нов чекор во кариерата и одушевени сме што тоа ќе го направи во Челзи“, истакнаа во заедничко соопштение спортските директори на лондонскиот премиерлигаш, Лоренс Стјуарт и Пол Винстенли.