Претседателот Радев упати честитка до својот колега Пендаровски по повод националниот празник на Република Македонија

radev_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на државата Румен Радев упати честитка до претседателот Стево Пендаровски по повод државниот празник на Република Македонија Илинден – Денот на Републиката. Ова го соопшти прес-службата на претседателот.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.


Бугарскиот претседател во честитката забележува дека годинава се одбележуваат 120 години од Илинденско-преображенското востание – „голем и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Македонија“. Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете држави и нивните граѓани, посочува Радев.

„Одразот на идеалите за слобода, еднаквост и братство на нашите предци денеска го препознаваме во основните права на Европската Унија, кон кои искрено посакуваме да се приклучите“, посочува Румен Радев. Шефот на државата ја изразува поддршката на Бугарија за напорите на Република Македонија за целосно спроведување на критериумите за членство, како и за сите преземени обврски и постигнати договори на патот на земјата кон ЕУ.

Румен Радев во честитката посочува и дека контактите меѓу народите на двете земји се важен начин за градење искрени добрососедски односи. Претседателот забележува дека постигнатите договори меѓу Бугарија и Република Македонија за заедничко одбележување на настаните за нашата заедничка историја даваат одлична можност за зближување. „Убеден сум дека заедно можеме и мораме да ги решиме отворените прашања во билатералните односи, што се очекува од нашите граѓани и е во име на нашата заедничка иднина во Обединета Европа“, истакна и шефот на бугарската држава во честитката.

Стево Пендаровски државниот празник на земјава ќе го прослави во манастирот „Св. Прохор Пчински“, а ќе се сретне и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK