– Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека околу 40 минути.
Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.