Амбулантите на БРАКО ги заменија старите бараки на Здравствен дом Скопје

brako_Ambulanta nova Gjorce Petrov 1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трите амбуланти кои БРАКО ги изгради во Скопје пружија целосно нови услови за пациентите и за медицинскиот персонал.

Старите дрвени амбуланти во Ѓорче Петров, Лисиче и Бутел, кои во рамките на проектот на Министерството за здравство беа заменети со нови и современи, сега овозможуваат  чисти, хигиенски и пристојни услови за здравствени прегледи и лекување на граѓаните.


Челичната конструкција е изработена во БРАКО, ѕидните и кровните панели се набавени од Србија и Грција, а дополнително се внатрешно зајакнати со стаклена волна и огноотпорни гипсани плочи.

Објектите имаат внатрешни хидранти, аларми за пожар со детектори за чад, посебни антипаник кваки на вратите за лесно отворање и хидранти надвор околу објектот.

Со ова, Здравствениот дом Скопје доби објекти кои се квалитетни, издржливи и безбедни, и се далеку над стандардот на дрвените бараки во кои претходно се наоѓаа амбулантите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK