Политико: Украинците имаат план, доколку Зеленски биде убиен

zelenski_567575
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина има план во случај на евентуална смрт на претседателот Володимир Зеленски, но властите не сакаат јавно да зборуваат за тоа, пишува бриселскиот портал Политико.

Како што наведува порталот, прашањето за можното убиство на претседателот на Украина од страна на руските сили не може да се игнорира ниту во земјата, ниту на Запад, бидејќи тој не е само формален лидер, туку и клучна фигура за обезбедување меѓународна воена поддршка во борбата против Русија.


– Ако постојано размислував за тоа, ќе се затворев, исто како (Владимир) Путин сега кој не го напушта својот бункер. Се разбира, моите телохранители треба да размислуваат како да го спречат тоа и тоа е нивна должност. Не размислувам за тоа, рече украинскиот лидер минатиот месец за Си-Ен-Ен.

Иако Зеленски не размислува за тоа, прашањето не може да биде игнорирано од неговите поддржувачи во земјата и странство. Откако ја отфрли понудата на потенцијалните американски спасувачи за евакуација, велејќи дека „нему му треба муниција, а не возење“, Зеленски одигра клучна улога во собирањето меѓународна поддршка за борбата против Русија.

Со оглед на тоа што, како што наведува бриселскиот портал, заканата по животот на Зеленски сè уште „демне“, неговите патувања во странство се планираат во голема тајност.

Со оглед на влогот и ризикот, донекаде е изненадувачки што украинските власти ги одбиваат барањата да разговараат што би се случило доколку Русија успее.

Сепак, и покрај нивната неподготвеност јавно да зборуваат за ова прашање, според изјавите на украинските функционери и пратеници, како и на аналитичари, постои план. И американскиот државен секретар минатата година за Си-Би-Ес потврди дека Украинците имаат план да обезбедат „континуитет на власта“ на еден или друг начин.

Формално, според Уставот, линијата на пренос на власта е јасна. „Доколку претседателот не може да ги извршува своите должности, одговорностите ги презема претседателот на Врховната Рада на Украина“, изјави опозицискиот пратеник од Лавов, Микола Књажицки, додавајќи дека поради тоа нема да се создаде вакуум во владата.

Претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук од редовите на партијата на Зеленски не ужива особено висока доверба кај граѓаните. Според анкетите, таа поддршка е околу 40 отсто од испитаниците, што е помалку од половина од поддршката што ја има Зеленски. А не е популарен ниту меѓу пратениците од опозицијата.

– Но, тоа не е ни важно. Постои силен лидерски тим и мислам дека ќе видиме колективна влада во акција, рече Адријан Каратницки, виш соработник во Центарот за Евроазија во Атлантскиот сојуз.

Тој владејачки совет најверојатно ќе го сочинуваат, покрај Стефанчук на чело, Андреј Јермак, шефот на кабинетот на Зеленски, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба и министерот за одбрана Олексеј Резников, како и началникот на армијата Валериј Залужни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK