На грчкиот остров Хиос, кој се наоѓа во Егејското Море во близина на територијата на Турција, синоќа избувна пожар во шумска област недалеку од селото Катавасис, северозападно од градот Хиос, кој набрзо зафати големи пропорции.
Околу еден час по полноќ, беше испратена порака до жителите на селата Диејка и Катавасис да се евакуираат во Волисос, јави грчката државна телевизија ЕПТ.
Во раните утрински часови во гаснењето на пожарот учествуваа пет авиони и четири хеликоптери, од кои едниот се користи за координација на операциите за гаснење на пожарот.
На терен се вкупно 90 пожарникари, од кои 10 пристигнале со брод од островот Лезбос и 27 пристигнале со авион од Атина, со поддршка на 18 противпожарни возила, јави Танјуг.
Според грчката телевизија, позитивно е тоа што престанал силниот ветер, што им ја олеснило работата на противпожарните единици.