Милатовиќ денеска ги започнува разговорите за мандатот на новата Влада на Црна Гора

jakov milatovikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска ќе ги започне консултациите за мандатот за состав на новата влада.







Во резиденцијата во Цетиње, Милатовиќ прво ќе се сретне со претставници на Движењето Европа сега (ПЕС) , потоа со Демократската партија на социјалистите (ДПС), а потоа и со претставници на Новата српска демократија.

Претседателската служба за информирање соопшти дека средбата со претставниците на ПЕС ќе започне во девет часот, со ДПС напладне, додека во 15 часот ќе се сретнат со претставниците на Нова српска демократија, пренесе РТЦГ.

Иако има рок од 30 дена, Милатовиќ претходно изјави дека очекува консултациите да завршат пред предвидениот рок, односно во следните 15 дена.

„Треба што поскоро да добиеме стабилна и европска влада. Јас ќе го сторам мојот дел и мислам дека треба да има доволно одговорност и сериозност од сите страни на политичкиот спектар“, рече Милатовиќ.

Претставникот ја објавува својата програма во Собранието и го предлага составот на владата. Собранието истовремено одлучува за мандатната програма и предлогот за состав на влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK