Во Скопје денеска околу 14.00 часот на ул.„Индира Ганди“ полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги во координација со Полициското одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода А.З.(43) од Скопје.
Како што соопштија од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.