МВР: Во Арачиново приведен криумчар на мигранти за издржување казна затвор од четири и пол години

mvr
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска  во 11.40 часот во с.Арачиново, скопско, го лишиле од слобода А.А.(27) од село Арачиново. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години и шест месеци за сторено кривично дело по член 418 – б од Кривичниот законик.

Како што информираат денеска од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK