„Инклузива“ ќе почне проект за инклузија во пристап до јавни информации

inkluziva
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ ќе почне со реализација на проектот „За инклузија во пристап до јавни информации за лица со попреченост“, информираа од здружението. Проектот има за цел да го зголеми бројот на едуцирани потенцијални баратели, лица со попреченост за пристап до јавни информации. Преку проектот ќе се обучи општинската администрација за поддршка на лица со попреченост за остварување на право за пристап до јавни информации и да се зголеми пристапноста на веб страниците на три општини.

– Проектот ќе почне на 1 август годинава, иако веќе е потпишан договорот. Ќе работиме во три града Дојран, Гостивар и Прилеп со тамошните општини. Предвидени се обуки за локална администрација, за подготовка на документација пристапна за сите граѓани и комуникација со лица со попреченост, изјави Благица Димитровска од „Инклузива“.


Како што објасни, голем број од локалните вести имаат назначено лице за комуникација со граѓаните со попреченост, но тие не посетувале обуки за зајакнување на вештините, за да може да комуницираат со граѓаните со попреченост и да им дадат поддршка ако побараат слободен пристап до јавна информација што е нивно загарантирано право.

– Во рамки на проектот предвидена е соработка со Агенција за заштита на правата за слободен пристап до информации од јавен карактер, каде што ќе се обучи и нивните вработени, ќе се  подготви прирачник на лесно разбирлив јазик, видеоспот за стандардите за пристапност, изјави Димитровска.

Проектот ќе трае девет месеци. Претходно е работено со општините од североистокот и од истокот. Од нив, Куманово и Крива Паланка ги адаптираа веб страниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK