Солистички концерт на Даница Стојанова во „Спомен куќа на Тодор Проески“

danica s
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“ во Крушево вечер македонската пијанистка Даница Стојанова ќе одржи солистички концерт.

Пијанистката ќе изведе дела од Ерик Сати, Фредерик Шопен и Томислав Зографски.


-Многу се радувам што овој концерт ќе се реализира и тоа во просторот кој што има посебна енергија и го носи името на нашиот драг Тоше Проески. Композициите кои ќе ги изведам ја прикажуваат мистичноста на Сати, поетичноста на Шопен како и неокласичната форма  на Т. Зографски. Се надевам дека публиката во Крушево ќе ужива и дека со овој концерт ќе се отвори простор за настап на нашите млади уметници од класичната сцена, изјави Даница Стојанова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK