Здружението „Живот“ и општина Старо Нагоричане потпишаа Меморандум за соработка

negoricane_zivot_34242423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Општина Старо Нагоричане и Здружението за развој на земјоделството и заштитата на животната средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „Живот“ Куманово потпишаа Меморандум за соработка, информираа денеска од здружението.

Целта на меморандумот е унапредување на туризмот на територија на општината, како една од стратешките цели на Општина Старо Нагоричане утврдена со стратегијата за развој на туризмот 2019-2023 за Општина Старо Нагоричане.


– Општината Старо Нагоричане и Здружението ќе соработуваат околу организирање на форуми со цел изработка на стратегија за развој на туризам, анализирање на потенцијалите за соработка и вмрежување на општината со општини од Република Србија, согласно нивните законски надлежности. Ќе соработувае и со други чинители од областа на туризам од државата и ќе работиме на поттикнување и унапредување на развој на руралниот туризам, изјави претседателката на здружението, Благица Цветковиќ.

Таа информираше дека во средината на јули, токму во Старо Нагоричане се одржале повеќе  манифестации, првиот форум на тема „Потенцијал за развој на рурален туризам во Општина Старо Нагоричане“.

– Целта на овој форум е изработка на стратегија за развој на туризам, анализирање на потенцијалите за соработка како и вмрежување на Општина Старо Нагоричане со единаесет општини од Р. Србија кои имаат можност да ги утврдат потенцијалите, но и да остварат прекугранична соработка, изјави Цветковиќ.

Гостите од Србија учествувале и на „Туристички ден во Старо Нагоричане“ и посетиле повеќе дестинации по кои е позната општината. Учесниците береа и билки на манифестација која се одржува за прв пат и како што нагласија од здружението ќе стане традиционална.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK