Заврши обновата на улицата „Мирче Ацев“ и дел од „Јордан Златановски“ во Тетово

tetovo_#453455443
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Заврши реконструкцијата на улицата „Мирче Ацев“ и еден крак од улицата „Јордан Златановски“ во Тетово по што денеска градоначалникот Биљал Касами симболично со пресекување црвена лента ги пушти во употреба.

Реконструкцијата започна на 26 мај, а поставени се девет илјади квадратни метри асфалт на должина од 900 метри.



– Денеска сме среќни што продолжуваме со асфалтирање на патната мрежа. Денеска сме тука во центарот во срцето на градот, каде што ги пуштаме во употреба улиците „Мирче Ацев“ и „Јордан Златановски“ едни до главните артерии на градот Тетово со што ќе се олесни движењето на граѓаните не само тука туку и во целиот град, имајќи предвид дека се работи за централно градско подрачје. Исто така, санирана е и канализациската мрежа, атмосферската канализација со што проблемите што постоеја цело време со врнежите, кои предизвикуваа поплави веќе нема да бидат проблем понатаму, изјави Касами.

На новинарско прашање зошто само еден дел од „Јордан Златановски“ се реконструира Касами најави дека останатиот дел од улицата ќе се реконструира во иднина.

– Тоа беше најкритичен дел во моментот. Ние и понатаму со програмата во следните денови, во следните години ќе продолжиме и во другите делови, рече Касами.

Улицата „Мирче Ацев“ се протега од кружниот тек кај стадионот, па до улицата „Никола Тесла“ во близина на поштата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK