Се санира црквата „Св. Богородица“ во селото Церје, Општина Пустец

bogorodica_#4534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Со цел да се заштити од понатамошни поголеми оштетувања во тек се одредени зафати на  црквата „Света Богородица“ во село Церје, Општина Пустец, информираа од Црковниот одбор.

– Изразуваме голема благодарност до Тодор Ќиска, Борче Постоличин, општина Пустец, Арјан Сотирофски, Петре Ридо, Васил Постоличин, Алекс Колефски и Мише Марко за дадената помош со која е завршенапрвата фаза од планираните активности, додаваат од Одборот.


Објаснуваат дека се санирани пукнатините на повеќе делови, извршено е чистење на каменот од кој се изградени ѕидовите, како и фугирање на предните делови од ѕидовите.

– Во следниот период планирано е уредување на дворот и  внатрешноста на црквата, како и фугирање на задниот дел за што е потребна помош од сите верници. Сите добронамерници се добредојдени. Богородица да не чува сите, порачуваат од Одборот.

Овој храм датира од 1912 година. Патрон на црквата е 28 август – Успение на Пресвета Богородица, кога освен постојаните жители тука доаѓаат и поранешни жители и нивни потомци кои сега живеат во  Ресен, Битола, Охрид, како и неколку градови во Грција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK