Вархеји се сретна со Турк, разговараше за соработката во Западен Балкан

varhej_345445
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји денеска имаше средба со новиот висок комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк, со кого разговараше за соработката на Западен Балкан.

„Добра прва средба со Волкер Турк, новиот висок комесар за човекови права на ОН, за да разговараме за нашата соработка низ Западен Балкан и непосредното соседство на ЕУ“, напиша Вархеји на својот Твитер профил.


Претходно денеска Турк се сретна и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, со кого разговараше за проблемите со човековите права во светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK