Под контрола пожарот на депонијата кај салата „Борис Трајковски“, се гаси и пожар на Гази Баба

pozarnikari_3453543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Под контрола е ставен пожарот, кој изби денеска на депонијата кај Аква паркот, кај салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Командатот на скопската проптивпожарна бригада, Ѕвонко Томевски за МИА изјави дека во гаснење на пожарот од изутрината биле вклучени 14 пожарникари со седум противпожарни возила.



Тој нагласи дека пожарот е ставен под контрола и оти нема опасност за негово ширење на околните објекти, но пожарникарите се се уште не терен и работат на негово целосно гаснење, со оглед на тоа дека станува збор за поголема површина.

Пожар избувна и на поголема површина на Гази Баба. Во моментов таму пожарникарите работат на негово гаснење, а како што истакна Томевски во операцијата се вклучени две возила и пет пожарникари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK