Почна реконструкција на водоводна мрежа на „Славиша Вајнер“ во Куманово

kumanovo_242442432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Почна реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Славиша Вајнер“ во Куманово, соопштија денеска од Одделението за комунални дејности. Реконструкцијата на водоводната мрежа е дел од овогодишната програма за изградба, одржување и реконструкција на водоводна мрежа на општината.

– Мрежата беше дотраена, изградена е во шеесеттите години од минатиот век. Со реконструкцијата очекуваме да се намалат дефектите на водоводната мрежа кои беа чести за овој дел од градот, изјави помошникот-раководител на Одделението, Момчило Јовановски.


За реконструкцијата на мрежата општината одвои скоро милион денари со вклучен данок на додадена вредност. Градежните работи ги изведува скопската фирма „Билд инг“.

– Поради портокаловата фаза работниците се повлекуваат во најтоплиот период од денот, кажа Јовановски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK