Полициски службеници синоќа привеле малолетник од Тетово, поради сомнение дека одзел патничко возило „пежо 306“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 65-годишниот тетовец И.А, соопшти МВР.
Возилото околу 20.30 часот е пронајдено на улица „Фуштанска“ во Тетово и му било вратено на сопственикот. Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово, а малолетникот бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.