Спасовски на средба со австрискиот амбасадор Вуцас

spasovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас на кого му завршува работниот мандат во земјава, во придружба на полициското аташе Манфред Јурчевиќ.


Како што соопшти МВР, министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Вуцас за неговата поддршка и  соработката на Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија со Министерството за внатрешни работи и изрази  уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

Во оваа прилика министерот Спасовски му врачи плакета на амбасадорот Вуцас во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР на Република Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK