Центарот за дијаспора во служба на дебарските иселеници

debar opstina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во служба на иселениците, кои масовно пристигнуваат во родниот крај, во овој период од годината, веќе функционира Центарот (канцеларијата) за дијаспора во Дебар.

– Центарот просторно е сместен во општинската зграда и функционира со работно време од 8 до 16 часот секој работен ден. Доколку има потреба работното време ќе биде продолжено, а ќе работи и во сабота. Целта е да се олеснат административните процедури во општината а се ангажирани три лица, кои се во можност да одговорат на барањата на иселениците, изјави за МИА, Или Мирзо, секретар на општина Дебар.


Дебар е печалбарски крај, со многубројна дијаспора во САД или над 15 илјади и земјите на Европската унија, каде живеат повеќе илјади дебрани.

-Голем број од нив традиционално летниот одмор го минуваат во родниот крај. Во име на локалната власт на сите им посакувам топло добредојде и пријатен престој меѓу своите во нивната татковина, посочува Мирзо.

Општина Дебар е една од 23 локални самоуправа кои минатата година го прифатија предлогот на Министерството за дијаспора, а договорот го потпиша на 11 ноември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK