Шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов соопшти дека синоќешната експлозија на складиште за муниција во руска воена база на окупираниот Крим е операција на украинските специјални сили.
– Успешно спроведовме операција на окупираниот Крим. Непријателот го крие обемот на штетата и бројот на жртвите, објави Буданов на својот канал на Телеграм.