Бајден и кардиналот Зупи разговараа за руската инвазија во Украина и депортирањето украински деца во Русија

bajden-zupi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден го прими пратеникот на Ватикан за мир во Украина, кардиналот Матео Зупи, пренесоа светските агенции.

Двајцата разговарале за руската инвазија на Украина и депортацијата на украинските деца во Русија, се наведува во соопштението на Белата куќа.


Бајден и кардиналот Зупи разговараа и за напорите на папата Франциск да обезбеди хуманитарна помош како одговор на широко распространетите страдања предизвикани од тековната агресија во Украина. Тие разговараа и за посветеноста на Ватикан за враќање во Украина на насилно депортираните деца од Украина.

Кардиналот Зупи беше примен во Белата куќа на барање на папата Франциск, откако во јуни тој ги посети Киев и Москва.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK