Во организација на Европско движење во Македонија денеска во Клубот на пратенциите ќе биде одржана сесија на Работната група 6 –Антикорупција (Поглавје 5 – Јавни набавки, Поглавје 18 – Статистика и Поглавје 32 – Финансиска контрола), на тема „Справување и борба со корупцијата и заштита на финансиските интереси на државата“.
Гувернерот на Хрватска народна банка, Борис Вујачиќ, ќе има воведно обраќање во темата, при што ќе го презентира хрватскиот пат кон европска интеграција, како и ефектите од неа. Во дебатата ќе бидат вклучени и други експерти од областа на правото, судии, универзитетски професори, како и претставници на граѓанскиот сектор.
Сесијата е дел од Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Македонија, платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е реализиран од страна на Европското движење во Северна Македонија, а е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.